ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опожарени архивата и магацинот на ЈП „Паркови и зеленило“

Опожарени архивата и магацинот на ЈП „Паркови и зеленило“

Алсат објави снимка на која се гледа како едно лице синоќа намерно пали два објекта, односно магацинот и архивата на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. На снимката од безбедносните камери се гледа како лицето чиј идентитет сè уште не е познат, прво го запалил магацинот, а потоа архивата и мирно си заминува. Интервенцијата на обезбедувањето го запрела ширењето на пожарот, а потоа пристигнале и пожарникари.

Advertisements

Директорот на „Паркови и зеленило“ Сухејр Реџепи подметнувањето пожар го гледа како обид да се уништат докази за една можна злоупотреба во ова претпријатие во вредност од околу 20 илјади евра. Документацијата ја доставил до адвокатите за да поведат кривична постапка и потоа посуштински да проверат дали има или не злоупотреба.

„По примопредавањето што го направив до јавното претпријатие, бев должен да направам генерална проверка на состојбата на ова претпријатие. За да знам со што треба да се соочам. Врз основа на вонредната комисија која ја потврди фактичката состојба во магацинот на компанијата, се покажа дека недостасуваат голем дел од материјалите. Вредноста на материјалите што недостасуваат горе-долу изнесува 20 илјади евра“, изјави Сухејр Реџепи – директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Актуелниот директор вели дека не знае дали овие неправилности ги наследиле и неговите претходници, но вели дека тоа не се случило неодамна иако, иако како што појаснува, вакви неправилности немало во извештаите што ги поднеле при примопредавањето на должноста.

„Мислам, се сомневам, дека врз основа на видео-снимките на компанијата, она што го изјавувам и што синоќа го кажав, дека токму двете проблематични точки за оние структури кои извршиле криминал во фирмата, тоа се две проблематични точки – магацинот и архивата. Токму овие две места се обидоа да ги запалат за да ги покријат трагите“, рече Сухејр Реџепи – директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Од МВР нема детали. Само соопштија дека известување за пожарот добиле 28 минути по полноќ, бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button