ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата ја бојкотираше координацијата кај Џафери поради вметнувањето на Деловникот

Опозицијата не учествуваше на редовната седмична координација со претседателот на Собранието Талат Џафери, затоа што тој заедно со пратениците од мнозинството, без воопшто да се консултира со опозицијата, ја ставил на дневен ред за во четврток, точката за измени и дополнувања на Деловникот за работа на Парламентот. Пратеникот на ВМРО, Никола Мицевски вели дека власта сака да одржува седници онлајн бидејќи нема доволен број на пратеници. Пратеникот на коалицијата Алијанса- Алтернатива, Скендер Реџепи искоментира дека власта има намера да прави измени во деловникот како во времето на Груевски.

„Повеќе пати сме разговарале на координација и немавме консензус за оваа точка. А, претседателот на Собранието во координација со парламентарното мнозинство на своја глава одлучува да се прават измени на деловникот без никаков заеднички консензус. На овој начин тие го враќаат времето кога промената на Деловникот го правеше само мнозинството во времето на ВМРО, односно во времето на Груевски.“

Иако инсистиравме да добиеме став и од Кабинетот на претседателот на Собранието, оттаму не сакаа да го коментираат денешното неучество на опозицијата.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button