ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куманово отвора нови капацитети за хоспитализација на болни со Ковид

Зголемувањето на болничките капацитети е недоволно за бројот на новозаболени со Ковид -19 на национално ниво. Дури и прилагодувањето на разните одделенија во градските болници како ковид центри се скоро при крај. Во Куманово, по Клиниката за неврологија како ковид-центар со 35 кревети, сега и одделот за оториноларингологија е прилагоден за прием на пациенти со околу 20 кревети.

„Бројот е исклучително голем, отворен е и центар 3 за ковид, каде што е одделот за ОРЛ. Но, исто така, ги молам пациентите да не ризикуваат да се лекуваат дома неколку дена, па потоа кога ситуацијата ќе се комплицира да дојдат во болница, тогаш е доцна.“

На инфективното одделение во Куманово примаат само случаи со сериозно здравствена слика. Шаторите во дворот остануваат неискористени. Но, нов модуларен простор ќе биде готов до крајот на декември.

Поранешниот објект за физикална терапија, неискористен неколку години, ќе биде целосно урнат за да се направи простор за изградба на модуларни установи тука во дворот на Клиниката за инфективни болести во Куманово. Во меѓувреме, пациентите таму чекаат да добијат амбулантски услуги, но не во шаторите поставени од армијата пред неколку дена за оваа намена.

Според Министерството за здравство во неможност да се направат сите ветени 16 модуларни болници во земјата, до крајот на годинава ќе има барем две. Актуелно една таква се спрема во Гевгелија со површина од 400 м2. При еден ваков проблем со немање доволно капацитети за хоспитализација, многу семејства претпочитаат нивните болни блиски да се лекуваат дома. Но, за оние со пневмонија хоспитализацијата е неопходна.

„Зависи од дијагнозата која е утврдена, се гледа дека 90% овде се со ковид, но по консултацијата со докторот, тој ми рече дека е подобро да остане во болница и да го имаат под надзор, затоа што се има контрола. Но, има случаи кога немаат можност за сместување.“

Во Куманово, во моментов во болница има 109 пациенти, а на национално ниво нивниот број е 1.300 лица. Во моментов низ државава има 170 слободни кревети.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button