ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заболени со Ковид-19 се мешаат со други пациенти во болницата во Куманово

Овие пациенти се позитивни на Ковид-19. Но, секој ден од дома, каде што се лекуваат, доаѓаат за да примат амбулантска терапија во болницата во Куманово. Крвна слика прават во истата лабораторија каде што доаѓаат и други пациенти за сосема други потреби. Оваа пациентка е во 14-тиот ден од третманот против коронавирус, но се плаши дека скитајќи низ одделенијата, може да го пренесе вирусот на други.

Да, тука има само пациенти со ковид и оние за кои постои сомневање, а за други тестови се горе. Но, ова е истиот оддел, иста зграда и иста врата, колку е опасно за ширење на инфекцијата? Тоа се можностите, немаме друго решение.

За да не се наруши одлуката за домашна изолација, болните со ковид се пријавуваат во полиција за да пријават дека нужно мора да излезат надвор. Долги редици со позитивни пациенти кои доаѓаат по својата дневна терапија се прават и во Инфективното одделение во градот.

Шефицата на лабораторијата вели дека импровизирале простор за нивните потреби.

„Според сегашната состојба, која е вонредна, по секоја цена се обидовме да ги разделиме пациентите кои се позитивни и заразени и редовните пациенти кои доаѓаат во нашата лабораторија. Тоа значи дека импровизиравме пункт за позитивни случаи кои доаѓаат од инфективна и останатите пациенти кои доаѓаат од други одделенија.“

Во оваа лабораторијата дневно се земаат од 30 до 50 единици крв за анализа на состојбата на пациентите со коронавирус. Исто така, редовните рендгенски снимки на белите дробови за овие лица се прават во истиот објект каде се снимаат и граѓаните кои имаат фрактури на коските или други проблеми, ризикувајќи зараза со Ковид-19.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button