Опозицијата со амандмани на владините мерки за намалување на акцизите
Опозицијата ќе интервенира со амантмани на предложените владини мерки за намалување на акцизата за горивото и ДДВ-то за прехранбените производи. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, вели дека владата на СДСМ и ДУИ ги жртвува граѓаните. Таа рече дека ќе бараат намалување на акцизата за гориво за 50 отсто, а за храната да падне на 0%.
Со амандмани ќе интервенира и Алијанса за Албанците, доколку Владата не прифати акцизата за бензинот да се намали од 22 на 15 денари, а за дизелот од 15 на 9, а во исто време да се намали и ДДВ-то на нивото од 18 февруари.
„Доколку не го прифатат овој предлог, кој е целосно во интерес на граѓаните, тогаш задолжително во собраниска процедура ќе интервенираме со амандмани за измените кои претходно ги споменавме, како за ДДВ-то и за акцизите на нафтените деривати“, рече Аднан Незири, АА.
Од СДСМ сметаат дека опозицијата не треба да реагира со дополнителни предлози.
Иако, новите мерки е предвидено да влезат на дневен ред на Собранието на 15 март, не се исклучува можноста да се закаже итна седница за време на викендов.
Мефаил Исмаили