ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива имаше акција за расчистување на плоштадот Скендербег во Чаир

Опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива имаше акција за расчистување на плоштадот Скендербег во Чаир. По акцијата, тие ја обвинија општина Чаир дека е неодговорна кон имотот на граѓаните и дека не се грижи за нејзино одржување. Претседателот на огранокот на Чаир, Зуди Енузи Кока изјави дека градоначалникот на општина Чаир не ги исполнува своите обврски, за што е платен од даноците на граѓаните. Во оваа акција учествуваше и добро познатиот косовски актер, Чун Лајчи, кој изјави дека овој дел од градот бил почист многу пред споменикот на Скендербег да стои на него.

Advertisements

Она што го гледате денес, купишта ѓубре, уништен и нефункционален лифт, не е политика, туку се факти што најдобро зборуваат за тоа колку општина Чаир се грижи за јавниот имот. Ова се парите кои што на граѓаните им се уништуваат секој ден. Општината има обврска да ги одржува. И бидејќи општината не ја работи работата за која се плаќа од пари на граѓаните, денес презедовме симболична акција за чистење на плоштадот за да го потсетиме градоначалникот за неговите обврски.“

Ако ние сме тие на Скендербег, тогаш не смееме да го оставиме Скендербег среде ѓубре на ова шеталиште, на овој град што сите велат бил на Идриз Сефери, на Иса Бег, затоа што беше единствениот албански вилает.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button