ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Назначувањето на жени на лидерски позиции останува предизвик за земјава

Првата жена што служи како воена придружба на претседателот, Билјана Блажеска вели дека жените во војската се соочуваат со родови стереотипи. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека квотите ја подобриле состојбата, но дека се потребни мерки за да се охрабрат жените да се движат по хиерархија на институциите.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вети дека новиот Закон кој наскоро ќе биде доставен до Собранието ќе ги отстрани нееднаквостите на сите нивоа. Активистите бараат спроведување на законите што ќе бидат донесени.

Заменик – министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски ја истакна проблематиката на партиските вработувања, на мажите или жените.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button