ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Гази Баба ќе донира финансиски средства за семејствата на настраданите во автобуската несреќа

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денеска поднесе предлог Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија.

Како што информираат од општината, градоначалникот барањето за одржување на седница го поднел до општинскиот Совет.

-Во овие тешки моменти на жалост во Република Македонија, солидарноста и хуманоста треба да бидат водилка за сите нас. За таа цел, утрово поднесов барање до претседателот на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска за оддржување на седница на Советот на која предлагам донесување на одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, вели градоначалникот Стефковски.

Со оваа одлука Гази Баба ќе се приклучи на хуманитарната акција организирана од Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button