ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Се бара национална стратегија за борба против сиромаштијата

Изработка на нова национална стратегија за борба против сиромаштијата е едно од барањата на Македонската платформа за борба против сиромаштија. Претставничката од оваа организација, Билјана Дуковска, во своето вечерашно гостување во емисијата “Економски Магазин“ на Алсат, говорејќи на оваа тема рече дека секој петти човек во државата живее во сиромаштија и побара реакција за надминување на таквата состојба.

„Да се направи нова, национална стратегија против сиромаштијата или да се забрза процесот на креирање на националната развојна стратегија со посебен фокус на намалување на сиромаштијата или каков било стратешки документ којшто ќе парира на документите коишто во меѓувреме се случија, а го опфаќаат економскиот раст, социјалната политика и реформите…сѐ она коешто дава придонес на сиромаштијата, но не ја таргетира директно“, вели Дуковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button