МАКЕДОНИЈА

Оштетени бандери и сообраќајни знаци ноќеска остави дел од Тетово без струја и интернет

Неколку бандери и сообраќајни знаци беа оштетени ноќеска во Тетово откако во нив со неговото возило удрил жител на гостиварското село Чегране. Поради овие оштетувања на кружниот тек на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ и улицата „Браќа Миладинови“ ноќеска дел од жителите од тој дел на градот повеќе часови беа без електрична енергија и интернет врска. Екипи на повеќе компании денеска работеа на санација на штетите.

-Изутринава околу 2 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај улиците „Видое Смилески Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово. Патничко возило марка „мерцедес“ управувано од шеесет и петгодишниот М.Б. од гостиварското село Чегране, движејќи се по булеварот „Видое Смилески Бато“ во еден момент изгубило контрола врз возилото и излетало од коловозот. При излетувањето оштетило четири метални држачи за сообраќајни знаци поставени на кружниот тек, три бандери и еден сообраќаен знак. Возачот поминал без посериозни повреди. соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Истрагата за причините за оваа сообраќајна незгода се во тек, наведоа од полицијата. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button