ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот на населението во прекин на многу места, не се попишува ниту дијаспората

Веќе четири дена пописот е прекинат во многу региони поради технички проблеми. Од Заводот за статистика велат дека пописот продолжува, но со многу низок интензитет поради технички усогласувања во системот, но не објаснуваат за какви усогласувања станува збор. Од оваа институција тврдат дека се соочуваат со сајбер напади, но не во системот за попис, туку на веб-страницата.

Завод за статистика

„Во последниве денови веб-страниците на Заводот за статистика се под постојан напад и затоа во одредени периоди не се отворени поради заштитата што се користи за спречување на такви напади. Веб-страниците имаат највисоко ниво на заштита, а податоците се заштитени на повеќе нивоа и со највисоки ИТ стандарди.“

Побаравме коментар и од „Телеком“, чиј систем го користи Заводот за статистика. Оттаму негираат дека има проблеми во системот.

Македонски Телеком

“Македонски Телеком нема никакви технички проблеми со услугите што ги обезбедува за пописот во 2021 година.”

Од друга страна, попишувачите со кои контактиравме велат дека синоќа добиле поинакви упатства. На некои им било кажано да се поврзат со своите лаптопи после 17 часот за да видат дали системот работи. Некои други пак, велат дека – добиле наредба да не излегуваат на терен.

Регионален инструктор

„Повторно ни беше кажано да не излегуваме на терен. Синоќа од 17.30 до 19.00 часот имавме тестирање, сите попишувачи се вклучија за да тестираат дали системот функционира или не. Апликацијата работеше за сите и беше добро, но денеска повторно ни беше кажано да не излегуваме.“

Регионален инструктор

„Повторно имаме наредби да излеземе и да попишуваме денеска.“

Три дена по ред, не работи ниту онлајн апликацијата за попис на дијаспората. Пописот започна на 5 септември, а треба да трае до 30-тти.

Мефаил Исмаили

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button