ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Членство во ЕУ до 2030 година

Кандидатот за претседател Бујар Османи денеска го презентираше првото од своите десет ветувања, а тоа е членство на Македонија во Европската Унија до 2030 година. Според него, претседателот треба да биде компас на геостратешката ориентација, сврзно ткиво на етничките наративи и креатор на државниот консензус. Османи додаде дека нема алтернатива на зачленувањето во Европската Унија и најави дека прва задача како претседател ќе му биде да ги седне сите политички лидери на иста маса за постигнување консензус за тоа прашање.

„Мојата цел е, првата работа како претседател, да постигнеме државен консензус. Сум повикувал како министер за надворешни работи да се постигне натпартиски консензус по однос на Европската Унија. Мора да го следиме примерот на државите кои успеале во тоа. Ние за жал страдаме од перманентните политички кризи и неможност да се постигне конзензус по однос на главните прашања“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button