ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Граѓаните се солидаризираат со Македонците

Ако има еден колатерален позитивен ефект од оваа блокада, тоа е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ, бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Во интервјуто, Османи нагласува дека се додека одлуките за проширување се носат со консензус, Бугарија може да не блокира за кое било прашање, па дури и за тоа дали реката Вардар е чиста или не.

На прашањето, за што точно се разговара со Бугарија, Османи вели дека прашањето е комплексно и посочува дека во предлог преговарачката рамка даден од комисијата до земјите членки, Бугарија спори три прашања – името, јазикот и гаранцијата за спроведување на договорот.

Извор: РСЕ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button