РЕГИОН

Османи: Србија не сака обврзувачки договор со Косово

Србија не сака да постигне правно обврзувачки договор со Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи, барајќи поддршка од својот колега од Словенија, Борут Пахор за патот на Косово кон евроатлантските интеграции. Османи по средбата изјави дека Србија го дестабилизира регионот. Според Османи, руското влијание претставува уште една закана за дестабилизација. Според неа, Косово нема друг пат освен евроатлантските интеграции. Османи додаде дека Косово ги исполнило условите за визна либерализација, но Европската Унија доцни околу  што влијало врз нејзиниот кредибилитет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button