ЗДРАВСТВО

Се затвора вакциналниот пункт во Домот на културата во Тетово

Од денеска се затвора пунктот за вакцинација против Ковид-19 во Домот на културата во Тетово. Досега ова беше најголемиот пункт за вакцинација против Ковид-19. Граѓаните ќе можат да се имунизираат само во Здравствениот дом кај тетовската болница. Одлуката е донесена поради  слабиот интерес на граѓаните да се вакцинираат. Изминативе недели во Тетово секојдневно се вакцинираат околу 300 граѓани. Здравствениот дом има капацитет за 500 вакцини дневно, па затоа затворањето на пунктот за вакцинација во Домот на културата се сметаше за логично. Во Тетово досега се вакцинирани 54 отсто од населението.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button