ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Основците и средношколците денеска го завршија првото полугодие

Со малку музика и забава основците и средношколците го заокружија првото полугодие од учебната година. До 19 јануари учениците ќе одмараат од обврските од наставниот процес. И покрај уморот од овие месеци, учениците велат дека постигнале успех откако наставата започнала со физичко присуство.

„Сега е поефективно затоа што онлајн учењето ни остави лоши последици, но сега се е во ред. Од овие месеци што ги поминавме во училиште сме крајно уморни. Ќе го искористам максимумот, се занимавам и со спорт и ќе продолжам со мојата страст“.

„Ние на медицина и треба да продолжиме со физичкото присуство за да добиеме повеќе знаење бидејќи со онлајн учење ќе имаме многу последици.

 „Сè се постигнува со самодоверба и работа. Ќе бидам слободна, ќе одморам малку затоа што беше голем ангажман“

Дури и директорите на училиштата и наставниците велат дека образованието со физичко присуство овозможило да се реализира програмата предвидена за ова полугодие.

„Беше успешно од сите аспекти бидејќи и како училиште немавме заболени ученици. Посакувам и се надевам дека второто полугодие ќе започне вака и ќе заврши вака“.

Според календарот на МОН за организирање настава, учениците во училиштата ќе се вратат на 20 јануари 2022 година. И покрај новите случаи на зарази, одложување на почетокот на второто полугодие во моментов не е планирано бидејќи според надлежните, состојбата со вирусот е стабилен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button