ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Отворен Балкан“ ќе биде името на соработката помеѓу Македонија, Албанија и Србија

Премиерите Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ во Скопје потпишаа два меморандуми и меѓудржавен договор насочен кон олеснување на движењето на луѓе и стоки со цел натамошно зајакнување на економската соработка и ја преименуваа иницијативата од „Мини Шенген“ во „Отворен Балкан“. Албанскиот премиер Рама рече дека регионот повеќе не може да остане заложник на минатото и додаде дека оваа регионална иницијатива носи пример за ЕУ во регионот. Тој рече дека кој и да каже дека оваа иницијатива е дизајнирана во подрумите на поранешна Југославија, живее во паралелен свет, индиректно критикувајќи го неучеството на другите земји, особено на Косово.

„…. Ако започнеме вака, тогаш мора да кажеме дека и ЕУ е голема Југославија, ако ЕУ е голема Југославија да, ова е малата Југославија. Тука сме за иднината. Прашањата од минатото се решаваат многу полесно ако погледите се насочени кон иднината. Со очите кон минатото, нема прашања од минатото како решение кон иднината “

На иста линија со Рама и српскиот претседател Вучиќ. Тој рече дека соработката е единствената можност за развој на регионот.

„Она што го правиме има за цел да покажеме дека можеме да го оставиме минатото зад нас, да гледаме кон иднината, пред сè во подигањето на стандардот и квалитетот на живот на нашите граѓани. Од 1 јануари 2023 година веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Граничните премини ќе постојат, но нема да постојат за нашите граѓани. Едноставно, ќе заминете од Белград кон Тирана и никој нема да ве спречи и обратно. Никој нема да праша ништо и нема да ве спречат и со ова ја зголемуваме безбедноста на нашите граѓани“

Апел за приклучување кон иницијативата упати и премиерот на Македонија Зоран Заев. Тој се задржа кај ЕУ, велејќи дека неуспехот на Брисел да го исполни ветувањето за отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Македонија е против европската идеја.

На овој форум не учествуваше премиерот на Косово, Албин Курти, кој постојано се спротивставува на иницијативата „Мини Шенген“, бидејќи според него, регионот треба да се врати на агендата за интеграција во ЕУ, а не на иницијативите штетни за Албанците. Владата на Косово соопшти дека „Иницијативата на Нови Сад“ нема наше одобрување, барајќи од лидерите на регионот да се посветат само на европската агенда. Следната средба меѓу Заев, Рама и Вучиќ се очекува да се одржи во ноември годинава во Белград.

Shkëlzen Aqifi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button