ЗДРАВСТВОМЕТРОПОЛ

Овие две намирници никогаш не ги мешајте со кафе

Пиењето кафе е еден од омилените утрински ритуали за многумина. Многу лекари ги проучувале ефектите на кофеинот врз телото, а нивните мислења се различни. Сепак, повеќето од нив се согласуваат за една работа, а тоа е за самиот начин на консумирање кафе.

Advertisements

Имено, се верува дека доколку кафето се конзумира правилно, тоа не може да биде штетно и обратно.

Гастроентерологот, нутриционистката Нурија Дијанова откри со кои намирници кафето „не оди добро“! Станува збор за две кои многу луѓе ги земаат со или после црн пијалок – алкохол и чоколадо!

Најлоша комбинација е кафето со чоколадо или алкохол, вели Дијанова. Бидејќи кафето со чоколадо, како и алкохолот, помага да се релаксира долниот езофагеален сфинктер, резултатот е горушица, печење и рефлукс на содржината на желудникот во хранопроводникот.

Дури и ако не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводникот, предупредува Дијанова. Исто така, гастроентерологот не препорачува да пиете кафе на празен стомак, што го прават повеќето луѓе, бидејќи тоа влијае на лачењето на желудникот.

Во исто време, лекарот ја откри препорачаната комбинација, а тоа е еспресо кафе со стек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button