ЗДРАВСТВОМЕТРОПОЛ

Овој стрес е најсилен и најштетен за современиот човек

Финансискиот стрес е најсилниот стрес што го погодува современиот човек, покажува британско истражување.

Истражувањето било спроведено на 5.000 лица на возраст од 50 и повеќе години и покажало дека меѓу испитуваните стресни фактори, како што се тешка загуба, инвалидитет, болест и развод, финансискиот стрес се издвојува како најштетен, пренесува Science Alert.

Научниците од Колеџот во Лондон и Универзитетот „Кинг“ ја истражувале врската помеѓу хроничниот стрес и здравствените индикатори кај постарите групи на население.

Испитувајќи четири биомаркери: кортизол, Ц-реактивен протеин, фибриноген и инсулин фактор на раст-1, истражувањето покажало дека финансиските проблеми ги зголемуваат шансите за 60 отсто испитаниците да имаат здравствени профили со висок ризик во рок од четири години.

Финансискиот стрес најмногу му штети на биолошкото здравје, истакнуваат експертите. Неговото инвазивно влијание врз различни аспекти од животот потенцијално води до семејни конфликти, социјална исклученост, глад или бездомништво.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button