ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Падна пресуда за „Маџар Телеком“, еве ги виновниците

По повеќе од 10 години Кривичниот суд ја објави првостепената пресуда за случајот „Маџар Телеком“ против тројца обвинети странци, поранешни директори на Македонски Телеком. Тоа се Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас. За казната од 8 години затвор и обврската да платат отштета од еден милион евра кон С Македонија осудените веројатно ќе дознаат од медиумите зашто не се појавија на суд. И понатаму се недостапни за органи на обвинителството.

„Согласно пресудата, обвинетите се прогласени за виновни за кривичното дело „неодговорно работење во служба“ од член 353 став 4 во врска со став 3 во однос на став 1 од Кривичниот законик и се осудени на 8 години затвор, секој обвинет“, наведоа од Кривичен.

Според пресудата, овие лица го оштетиле државниот буџет со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со фирма од Кипар. Предметот „Маџар Телеком“ со години беше во фиоките на судовите во земјава. Тој доби поинаков тек по сведочењето на поранешниот директор на УБК, Слободан Богоески пред Окружниот суд во Њујорк. Имено, тој таму изјави дека поранешните директори на „Маџар Телеком“ дале 7,5 милиони евра на тројца домашни политичари за да спречат либерализација на телекомуникацискиот пазар, вклучувајќи ги поранешниот премиер Владо Бучковски, како и Али Ахмети и Муса Џафери. По ова сведочење Ахмети и Џафери го тужеа Богоески за „клевета“, но пресудата беше во корист на Богоески.

Оваа тема често се сметаше за недопирлива за правосудниот систем во земјава. Тоа го докажува и фактот дека сè уште се работи на случај за кој истрагата почна во 2008 година, обвинение беше покренато во 2011 година, а иако судењето почна во 2016, таа година не се одржа ниедно судско рочиште. Откако процесот почна во отсуство на Сендреј и останатите обвинети, повеќе од половина од судските рочишта беа откажани, се сменија тројца судии и тројца обвинители.

Ова е прва пресуда за овој случај и со ова, иако ќе биде тешко да се докаже кривично дело сторено пред 15 години, се отвора патот во правосилната пресуда да се види дали се споменуваат и имиња на домашни политичари како инволвирани.

Според обвинението, Унгарецот Атила Сендреи и членовите на Управниот одбор на „Македонски Телеком“, Германецот Ролф Плат, Гркот Михаил Кефалијанис и Унгарецот Золтан Кишјакус се осудени дека потпишале фиктивни договори за консултантски услуги со „Чаптекс холдингс лимитед“, и на тој начин го оштетиле „Телеком“ за околу 4 милиони евра, додека буџетот на државата С Македонија за 2 милиони евра бидејќи тогаш Владата управуваше со 47 отсто од акциите на „Македонски Телеком“.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button