ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преку тунелот во Идризово сакале да избегаат 8 лица со дебели казни

Тунелот низ кој беше планирано бегството на најмалку 8 лица од затворот Идризово кај Скопје бил копан со месеци. За други детали се чека Јавното обвинителство. Но, што знаеле органите на прогонот за тунелот и што се преземало паралелно?

Зошто е разрешен директорот на затворот со високо обезбедување во Идризово, Шпенд Таири? Затоа што го открил тунелот или затоа што тунелот му бил откриен? Колку време се работи на откривање на тунелот и зошто Владата одлучи да го разреши Таири на денот кога првично го откри тунелот? Тоа го стори за да се префрли вината врз Таири или да го прикрие извештајот на американскиот Стејт департмент за фактичката состојба во затворите во земјава?

Според она што го дознава Алсат, пријавата за постоењето тунел во затворскиот двор дошла на 17 февруари. Имајќи предвид дека на просторот каде што постоело сомневање дека се наоѓа почетната точка на тунелот имало стари објекти кои требало да се урнат, директорот на затворот Шпенд Таири распишал тендер за нивно уривање. Претходно се дозна дека Таири бил во контакт со Управата за извршување санкции, полицијата и разузнавачките служби за оперативно да ја потврдат локацијата на тунелот. Тендерската постапка траела од 1 до 16 март годинава. На 17 март била договорена фирмата што ќе ги изведува работите, а на 21 март тунелот веќе беше откриен.

Откривање на тунелот во затворот Идризово

17.02.2023 Пријава за можен тунел
01.03.2023-16.03.2023 Тендер за уривање на стари објекти
17.03.2023 Склучен договор со компанија
21.03.2023 Утврдено постоење на тунелот во затворскиот двор

Алсат обезбеди две фотографии од старите згради кои биле урнати. Во една од просторите има нов бетонски под каде што се направени знаците за почетокот на тунелот. Благодарение на ископувањата, откриено е дека има тунел долг 47 метри, длабок 1 метар и дијаметар од 80 сантиметри, обложен со керамички тули. Покрај тунелот е пронајден електричен кабел. Случајно или не во просторот каде што се наоѓа почетокот на тунелот, пронајден е продолжен кабел. Директорот на затворот Таири ги надгледувал работите до крајот на работното време до денот кога Владата одлучи да го разреши од функцијата.

Партијата на кој ѝ припаѓа денеска реагираше на ставот на премиерот Димитар Ковачавски. Од Алтернатива оценија дека директорот на затворот бил всушност главниот херој на откривањето на тунелот. По објавувањето на информацијата дека се планирало вакво бегство, во јавноста почна да се тврди дека него го спремале затворениците од случајот Дива населба.

И покрај тврдењата во јавноста дека осудените во случајот Дива населба можеби се лицата кои работеле на копање на тунелот во затворот Идризово, тоа не е точно бидејќи лицата осудени за овој случај немаат пристап до просторот каде што е откриен тунелот.

Според полицијата, лицата кои се осомничени дека го копале преминот се осудени за тешки кривични дела од 10 години до доживотен затвор.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button