ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ ќе истура уште пари за реформи во нашето судство

Откако американскиот Стејт департмент констатираше дека граѓаните кај нас губат доверба во судството поради корупцијата, евроамбасадорот Дејвид Гир наведува дека реформите мора да продолжат. Според него, потребни се важни чекори во таа насока, додека Брисел ќе продолжи да обезбедува парична и техничка помош за процесот.

„Како што знаете, секоја година Европската комисија има извештај за земјата што го следи напредокот во полето на реформите поврзани со ЕУ и секако длабоко го разгледува прашањето за реформите во праводуството и владеењето на правото. Тоа е суштински елемент во процесот на членство. Поради ова, го следиме развојот во секоја фаза од отворањето на преговорите, до членството на земјата“, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button