ЕКОНОМИЈА

Паднаа цените на азиските берзи, доларот ослабна

На азиските берзи цените на акциите паднаа, главно во технолошкиот сектор, откако „Микрон“ предупреди дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата побарувачка. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,6 отсто околу 7:00 часот, информира Индекс.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи ослабе за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг се лизнаа меѓу 0,7 и 2,2 отсто. Во Австралија, пак, тие се зголемени за 0,2 отсто. Технолошкиот сектор е под најголем притисок бидејќи инвеститорите беа загрижени од вчерашното предупредување на „Микрон технолоџи“ дека ќе го намали производството на мемориски чипови и инвестиции.

Цената на акцијата на Микрон вчера потона за речиси 7 отсто, а утрово акциите на производителот на чипови се под најголем притисок на азиските берзи. Цените на акциите на кинеските пазари, исто така, значително паднаа, бидејќи инвеститорите се загрижени за натамошното зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, што може да ги натера властите да се откажат од олеснување на рестриктивните мерки.

Така, индексите на азиските берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит. Доу џонс загуби 0,12 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,83 отсто, а Насдак индексот 1,54 отсто. По силниот скок на крајот на минатата недела, од почетокот на оваа недела, овие индекси значително флуктуираа, растејќи еден ден, за да ги загубат тие добивки веќе следниот ден.

Бидејќи моментумот на пазарот е ослабен, поттикнат од слабеењето на инфлаторните притисоци и надежта за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, па затоа се тргува претпазливо во последните денови. Меѓу најголемите губитници вчера беше трговскиот сектор со просечен пад од 1,5 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button