ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пандемијата ги уништува старите занаети, во дуќаните нога не влегува

Меѓу најпогодените од пандемијата се занаетчиите. Еден од 2.000 занаетчии во Скопје е и Африм Шабани. Тој со години ги снабдува филигранските работници со основниот материјал и ја научил оваа работа од дете кога бил ангажиран како чирак. Веќе една недела никој не влегол во неговата продавница за нарачки.

Advertisements

„Можам да кажам дека рабодата е намалена за 80-90% . Денеска немаше ниту еден муштерија. Можам да кажам дека оваа недела не дојде никој да се снабди. Досега се обидувавме да го одржиме бизнисот, па одеднаш да се затвори е проблем. Тежок период. Многу тешко, затоа што имаме трошоци што треба дефинитивно да ги покриеме. Како и да е без работа не можат да се платат.“

Анета Атанасовска од Занаетчиската комора вели дека се борат за опстанок. За среќа никој не затворил, но има и такви кои алармираат дека нема да можат да преживеат уште долго.

Третиот и четвртиот владин пакет придонесоа занаетчиите неколку месеци да ја преживеат корона – кризата. Се надеваат дека државата ќе ги има во предвид и во петтиот пакет бидејќи иако надежите беа попозитивни за 2021 година, економската криза нема да помине наскоро. Додека од една страна занаетчиите се соочуваат со криза, од друга страна веќе неколку години тие се жртви и на сивата економија. Многу занаети исчезнаа со текот на годините и поради тоа што младите не покажуваа интерес за работа во тој сектор.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button