ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Средно Коњаре во војна против ископувањето на песок од Пчиња

Министерството за економија веќе неколку години ѝ дава концесија на компанијата „Еуропрогрес“ за вадење песок надвор од коритото на реката Пчиња. Токму оваа концесија предизвика револт кај жителите на Средно Коњаре. Оттаму велат дека концесионерот не се придржува до условите на договорот, копа подлабоко од предвиденото и со тоа го пренасочува нормалниот проток на реката. Тоа им уништува големи површини со плодно земјиште. Халим Емини, од месната заедница на ова село, вели дека ерозиите во речното корито, влијаат на пад на нивото на водата во нивните бунари. Тие се загрижени и дека ископаната површина е премногу блиску до селските куќи и претставува опасност за децата.

„Компанијата ја доби дозволата во 2011 година. Документацијата може да е во ред, но тоа што го работат е далеку поважно од документацијата. Штетата што ја чувствуваат селаните од ова ископување е многу голема. Прво, овде околу 90% пиеме вода од бунари. Како што се спушти нивото на водата таму, така се спушти и водата во нашите бунари. Имаме голема загуба од ова ископување бидејќи земјата повеќе не раѓа онака како што раѓаше порано. Од еден хектар добивме од 4 илјади до 5 илјади килограми пченица, сега еден хектар не дава повеќе од 2,5 тони.“

На средба со министерот Спасовски и премиерот Заев и двајцата ветиле дека ќе работат на решавање на проблемот. Месните заедници на селата од овој регион потпишале и петиција со која бараат да се прекине концесијата.

„Водата од водовод не е за пиење, беше забранета. Но, сега може да се пие. Во нашето село не сме виделе некој да дојде и да работи таму или да фрли хлор. За момент можеше да се пие и не разбирам како може тоа да се случи само по себе. Не разбирам како може да се пие, а во 2019 година беше забрането да се пие. Постојат сомнежи, веројатно е дека тие самите го сториле тоа.“

Алсат праша во Министерството за економија како може да се издаде дозвола за експлоатација во близина на високо квалитетно земјиште, имајќи предвид дека е предизвикана штета што не може да се надомести. Оттаму ни одговорија дека побарале од Инспекторатот за животна средина да изврши вонреден преглед зашто министерството само давало дозвола за концесија. Од Министерството за економија велат дека се сретнале со жителите кои побарале дополнителна документација која ќе служи за поддршка на нивните аргументи. Побаравме став и од компанијата „Еуропрогрес“. Сопственикот Ќазим Османовиќ, иако нè пречека на средба, одби да зборува пред камера со образложение дека првично сакал да ги слушне поплаките на жителите откако ќе го добиел извештајот од вонредната инспекција. Тој евентуално ќе биде готов следнава недела.

Evi shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button