ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дивиот премин кај Бит Пазар може да му стави катанец на пешачкиот мост

За нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар и понатаму нема решение. По препирките меѓу меѓу Град Скопје и Општина Чаир за надлежноста кој треба да го реши овој проблем каде во минатото имаше и загинати, градоначалниците Петре Шилегов и Висар Ганиу, велат прават заеднички напори да најдат решение до пролет. Во меѓувреме, службите ќе утврдуваат дали ќе се користи само надвозникот или тој ќе биде затворен за да се легализира актуелниот див пешачки премин.

Во врска со киоскот кој се наоѓа во близина на преминот, кој исто така користи дел од мостот за складирање производи, Шилегов вели дека анализираат како бил поставен и дали добил дозвола од Град Скопје. И градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека случајот ќе биде разгледан бидејќи објектот имал дозвола за привремена употреба што ја издал поранешниот градоначалник.

„Општина Чаир не издала никаков документ, но ниту претходниот градоначалник, тој има документ кој е потпишан многу порано, од поранешниот градоначалник, но како објект од привремен карактер, затоа ќе седнеме и ќе го видиме правниот статус на објектот, се разбира, ќе биде ревидиран и така натаму, а потоа ќе бидат донесени одлуки од страна на Град Скопје. Потоа ние како општина Чаир имаме право да ги спроведуваме и реализираме до крај.”

Нелегалниот премин со години претставува опасност за минувачите од двете страни на булеварот. Проблемот требаше да се реши со изградбата на пешачкиот мост, но тој не заживеа. Властите дури сакаа да постават ограда во тој дел на булеварот за граѓаните да почнат да го користат преминот, но се соочија со протести на трговците и дел од граѓаните.

Mefail Isamili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button