ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пандемијата и дивите-превозници го уништуваат автобускиот превоз

Охрид и Струга сe транспортно слепо црево во Македонија, се жалат превозниците. Најголем дел од автобуските линии од Скопје, Битола и цела источна Македонија не функционираат поради пандемијата. Бројот на патници е мал, а и поради ограничувањата на бројот на лица во автобусите, работењето на транспортерите е нерентабилно, дури и ако дојде барање за некаков превоз.

Повеќето меѓуградски линии, околу 80% од меѓуградски линии и двете меѓународни линии. Отприлика до април месец. Бевме приморани на таков чекор, нерентабилно е, а бројот на патници е мизерен – изјави Димитар Василевски-сопственик на автобуска компанија во Охрид.

Граѓаните велат дека тешко се стигнува до Охрид.

„Само две линии има. Вчера поради тоа не можев да дојдам за на работа и останав во Скопје.“

Освен, ова, легалните превозници се жалат дека се соочуваат со диви таксисти кои превезуваат патници меѓу градовите.

Имаме фејсбук групи со по 4.000 – 5.000 членови, каде секој ден се договараат по десетина автомобили на релација Охрид-Скопје. Имаме 10-15 стандардни диви превозници со автомобили на релација Охрид-Битола. Тоа е неиздржливо. Преброивме околу 65 превозници кои секој ден возат на релација Охрид – Струга – рече Димитар Василевски-сопственик на автобуска компанија во Охрид.

„Со такси превоз, кој како ќе се снајде. Има група на интернет се организираат и договараат меѓу себе.“

Многу од сопствениците на автобуски компании во Охрид велат дека размислуваат да затворат, а на интернет страниците има многу огласи на кои се продаваат автобуси и комбиња. Од Министерството за транспорт и врски велат дека поради пандемијата и можноста да превезуваат со само половина од капацитетот, неколку компании ги ставиле линиите во мирување.

Мики Трајковски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button