СПОРТФУДБАЛ

Пандев го пропуштил тренингот во Амстердам поради повредата на зглобот

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев денеска не тренирал со својата екипа на вториот тренинг во Амстердам. Причината е неговата повреда на зглобот уште пред натпреварот со Украина во Букурешт. Како што информираат од стручниот штаб, Пандев со инекции го одиграл дуелот со Украинците, но поради повредата денеска добил одмор за тренингот во тренинг-базата на Ајакс.

Следниот натрпевар на македонската репрезентација е во понеделник против Холандија на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Тоа воедно ќе биде и последниот натпревар за избраниците на селекторот Игор Ангеловски на дебитантскиот настап на Европските првенства, откако по завчерашниот триумф на Холандија над Австрија (2:0) „црвено – жолтите“ останаа без шанси за пласман понатаму.

Македонската репрезентација загуби од Украина со еден гол разлика, а на дебито на првенството со Австрија натрпеварот заврши со резултат 3:1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button