ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата одлучи, од утре полицискиот час ќе започне во 24:00 часот
Владата на денешната седница го одобри предлогот на Кризниот штаб од утре полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот.
Исто така, на денешниот состанок беше одлучено гастрономските објекти да работат до 23:30 часот, а со работа ќе може да почнат и фитнес центрите.
Дополнителното олеснување на мерките доаѓа по значително намалување на бројот на нови случаи со „Ковид-19“.
Овие одлуки на Владата ќе стапат во сила од утре, среда, 12.05.2021 година.