ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентот утре ќе добие нови пратеници!

Заверувањето на мандатот на новите пратеници во Парламентот ќе се случи утре. Тие ќе дојдат на местото на нивните претходници кои беа избрани за градоначалници.Од Државната изборна комисија велат дека Собранието ќе биде известено за пратениците кои се наоѓаат на избирачкиот список откако градоначалниците официјално ќе стапат на функција.

 

Државна изборна комисија

„По објавувањето на конечните резултати за градоначалници и за Град Скопје, следува фазата на сертификација на кандидатите кои победиле во првиот и вториот круг на изборите одржани на 17 и 31 октомври. Потоа за заверувањето на мандатот се известуваат кандидатите кои се на изборната листа за пратеници.“

Поради изборот за градоначалник, пратеничкиот состав ќе го напушти Биљал Касами, кој како претседател на Движењето Беса беше носител на листата на коалицијата „Можеме“ во шестата изборна единица. По победата во вториот круг во Тетово, се очекува Драгољуб Филипоски да го замени Касами зашто беше кандидат за пратеник од редовите на СДСМ, петти на коалициската листа.

На местото на новиот градоначалник на Струмица, пратеникот Костадин Костадинов, се очекува да дојде Драгица Ѓавочанова од СДСМ. Костадинов победи во првиот круг од изборите, а по почетокот на вториот мандат како пратеник на социјалдемократите го напушти Собранието.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов, избран за градоначалник на Штип, ќе го замени неговиот сопартиец Драган Ковачки. Ковачки беше предлогот на партијата на Христијан Мицкоски за технички министер за внатрешни работи во 2020 година кога парламентарните избори беа закажани за април, но беа одложени за јули поради пандемијата.

На местото на пратеникот Кирил Пецаков, кој беше избран за градоначалник на Охрид, во Парламентот ќе седне Грација Бакрачевска од ВМРО, со што ќе се зголеми и бројот на пратенички во Собранието.

По победата на Дарко Костовски во општина Бутел, на негово место ќе дојде Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 2.

Тони Јаревски ќе дојде на местото на пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, Тимчо Муцунски. Јаревски доаѓа на местото на Муцунски по неговата победа во првиот круг во општина Аеродром. Јаревски, кој доаѓа од Општина Карпош е 8-ми на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Нови пратеници ќе има од шесте изборни единици, двајца од мнозинството, а 4 од опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ.

ГрадоначалникОпштинаНов пратеникИзборна единица
Биљал КасамиТетовоДрагољуб Филипоски6
Костадин КостадиновСтрумицаДрагица Ѓавочанова4
Иван ЈордановШтипДраган Ковачки3
Кирил ПецаковОхридГрација Бакрачевска5
Дарко КостовскиБутелЗоран Коцевски2
Тимчо МуцунскиАеродромТони Јаревски1

 

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button