ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предвремени парламентарни избори или ново мнозинство?

Продолжија судирите меѓу партиите околу опцијата за предвремени парламентарни избори или за формирање на ново мнозинство во Собранието. Според СДСМ, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори докажува дека Мицкоски не обезбедил ново мнозинство, како што тврдел.

СДСМ

„Христијан Мицкоски со месеци ја лажеше јавноста дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Лагата на Мицкоски вчера излезе на виделина. Нема ново парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Ова парламентарно мнозинство нема да ја доведе државата во опасност и нема да гласа за предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се фокусира на реформите во државата, надминување на последиците од пандемијата и соочување со енергетската криза, како и почнување преговори со ЕУ.“


ВМРО-ДПМНЕ го предизвикува Заев на предвремени избори. Според нив, само нова Влада формирана според волјата на граѓаните ќе има легитимитет да се соочи со енергетските, економските и здравствените кризи кои следуваат и да ги решава проблемите што ги предизвикува актуелната власт.

ВМРО-ДПМНЕ месеци претходно најавува формирање на ново парламентарно мнозинство со цел да падне Владата на Заев и да се изгласа нова. Засега не се потврдува дали и кои пратеници до актуелното мнозинство евентуално би ѝ се приклучиле на опозицијата за ново мнозинство. Во моментов власта има 62 пратеника, а опозицијата 58.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button