МАКЕДОНИЈА

„Пасоши“, тројца обвинети не признаа вина, денеска судење зад затворени врати

Тројца обвинети во случајот „Двојник“ одлучија да докажат дека немаат вина во аферата со издавање лажни пасоши на криминалци од регионот. Денеска продолжи судењето, но зад затворени врати. Јавноста беше исклучена оти се презентираа докази кои биле класфицирани со назнака „државна тајна“.

За овој предмет вина признаа седум лица. Шест добија ефективен затвор, додека едно лице беше осудено на условна казна. Уште една обвинета која е болна, преку адвокатот најави дека ќе признае вина. Вкупно во овој случај беа обвинети 11 лица. Тие издале 215 лажни пасоши, а македонска патна исправа со украден идентитет добиле членови на криминални групи, членови на нарко-картели, како и лица кои ги бара Интерпол. Според МВР, лажен пасош чинел и до 20 илјади евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button