МАКЕДОНИЈА

Печалбарски маки – ќе ја извозат цела Европа за час, па „ќе скапат“ од чекање на Табановце

На долгите редици на граничниот премин Табановце им дојде крајот, но само за кратко. Онолку колку што денеска траеше промоцијата на кампањата на МВР за подигнување на свеста кај возачите за време на долгите патувања.

„Поминавме многу добро, освен колоните што се создадени тука. Тоа се знае секогаш. И од Србите и од нас“…

„Не, се обидовме некако да поминеме. На секој можен начин! Се обидовме некако да го научиме редот“, реагираат печалбарите.

Во врска со нефункционирањето на системот „Уан стоп шоп“ на Табановце, министерот за внатрешни работи Спасовски вели дека се работи на нов модел.

Друг агол на денешните случувања на граничниот премин беше промотивниот материјал што раководството на МВР им го делеше на патниците. Беше полн со правописни грешки во верзијата на албански јазик. За нив заменик-министерот Назим Буши рече дека не се важни.

„Важно е да има материјали на албански јазик, а техничките прашања ќе се регулираат со текот на времето. Ќе ги исправиме. Туристите Албанци се чувствуваат навредени поради овие грешки. Добро, подобро е да имаме нешто на албански, дури и со технички грешки отколку да немаме воопшто. Така што имаме на албански, а грешките се поправаат“, рече Буши.

Претседателката на Републичкиот совет за безбедност прстот го впери кон преведувачите.

Инаку, според раководството на полицијата, ваквите кампањи за подигнување на свеста кај возачите го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button