ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација

Шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Северна Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите.

Advertisements

Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава.

-Сега вие барате од мене порака за јавноста, мислам дека тоа не допира до нивната свест, не допира. Просто тие се така скорени, така мислат дека треба да се води политиката, што е исклучително опасно за една држава како што е Македонија, со ваква внатрешна етничка и религиска структура, да се поигруваш со тие работи, со тој говор на омраза. Мислам дека тие луѓе и партии треба да се санкционираат. Едноставно кажано нема потреба од апели, тоа не допира до нивната свест, не им допира до умот. И потребно е правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла…Таа пракса, лоша пракса на сите сторители или жртви да гледаме само низ етничка призма, а последниов трагичен случај нема никаква етничка компонента, се случува кај одредени политички субјекти и политичари, поединци, долг период наназад, истакна Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button