ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Мотивот за случајот Монструм не е утврден

Пендаровски: Мотивот за случајот Монструм не е утврден

Вечерва на „Патот кон“, во Алсат М, со Адријан Керими, поканет беше претседателот Стево Пендаровски. На прашањето за случајот Монструм, Пендаровски рече дека мотивот е спорен, не вели дека тие луѓе не го сториле тоа злосторство, туку дека не е докажано дека жихадот бил мотив.

„Не велам дека тие луѓе не го извршиле тоа злосторство. Како мотив, сомнително е дали е вистина дека 5 луѓе се убиени за џихад, тоа ретко се случува во Европа во последните децении. Ако е џихад, односно ако се добро организирани, добро финансирани и долго ги планираат своите напади и ниту една наша служба да не  ги квалификува такви претходно. Судењето и повторното судење го потвдрува дека дека овие луѓи го извршиле убиството кај Смилковското езеро, но не е потврдено дека тоа го направиле за светата верска војна – џихад.
Значи, го оспорувате и вистинскиот мотив со кој се осудени, а тоа е тероризам?
Тероризмот може да биде… Не знам. Едно знам дека мотивот за убиството не е утврден до крај“, рече Пендаровски./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button