ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат објавува документ од Правда за синот на спикерот Џафери

Алсат објавува документ од синот на претседателот на Собранието Талат Џафери, Барлет Џафери, со кој тој бара да му се дозволи да полага за правосудниот испит, конкретно за предметот трговско право, иако не ги исполнувал условите за тоа. Министерството за правда неколку дена претходно го прогласи овој документ и други за исчезнати. Од друга страна, тогашниот министер за правда Аднан Јашари вчера изјави дека ова барање не било испратено кога тој бил на чело на Правдата.

„Не е точно, јас бев назначен за министер на крајот на јуни 2014 година, студентот ги доставил документите во април, некаде пред да бидам министер“, вели Јашари.

Сепак, останува нејасен текот на полагањето на испитите на кандидатот Барлет Џафери, бидејќи до сега, не се откриени дополнителни документи со датуми на полагање на другите испити.

Според Јашари, неговите овластувања во овој процес биле ограничени. Додава дека потпишал документ подготвен од Комисијата за правосуден испит, која не ја формирал тој туку поранешниот министер односно Блерим Беџети а во која Лидија Неделкова, била претседател на комисијата, Александар Алексовски секретар, додека членовите и оценувачи Иџет Мемети, Фаик Арслани, Јово Вангеловски и Николчо Николовски.

„Комисијата тестира, прашува, дали кандидатот знае или не знае, подготвува записник, потоа записникот се потпишува од комисијата и секретарот и се доставува до архивата, до службите, службите потоа подготвуваат и врз основа на записникот, министерот е должен да го потпише“, додава Јашари.

Тогашната претседателка на комисијата Лидија Неделкова за медиумите изјави дека комисијата што ја предводела нема никаква врска со документите на кандидатите, според неа за ова е одговорен министерот.

Синот на спикерот Џафери не е единствениот кој го положил правосудниот испит пред да се здобие со законски потребните 300 кредити за ова. Антикорупциската комисија најави дека истрагите ќе продолжат.

Инаку, и покрај изјавите на Јашари дека тогаш на студентите не им се издавале дипломи туку уверенија кои немаат правна вредност, треба да се истакне дека токму преку овој сертификат издаден од Универзитетот на Југоисточна Европа, на кандидатот Барлет Џафер му било дозволено полагање на испитот. Барлет Џафери моментално посетува Академија за судии и обвинители, што е услов да се стане судија или обвинител.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button