ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса: Закон за спречување на непотизам кај пратениците и директори

Алијансата за Албанците бара да се усвојат повеќе закони за поефикасна борба против корупцијата и велат дека во наредниот период ќе се заложат за нивно спроведување. Меѓу нив се:

– Законот за ветинг на судии и обвинители,
– Закон за формирање канцеларија за конфискација на криминално стекнат имот,
– Закон за проверка на интегритетот и имотот на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции,
– Закон за спречување на непотизам од пратеници, министри и директори и
– Удвојување на јавните инвестиции во судството и обвинителството.
„Подготвени сме да соработуваме со сите страни, вклучително и полтичкте партии без разлика дали се власт или опозиција, и со меѓународниот фактор пред кого го презентиравме овој пакет мерки и верувам дека од почетокот на следната година ќе имаме резултати ова да биде видливо за граѓаните“, вели Арбен Таравари, вршител на должноста претседател на Алијансата за Албанците.

Првиот човек на Алијансата за Албанците, Таравари, вели дека ќе се ангажира за спроведување на овие мерки.

„Ако дојдеме, кога и да дојдеме на власт, после избори или пред избори, повеќе би сакал по изборите да влезем во владата и да формираме влада, се разбира дека нема да има институција што не треба да се истражува и да се види. Впрочем, ветинг треба да се направи во сите институции, но прво да се почне од правдата, високото образование е една од областите каде треба ветинг, терцијарното здравство дефинитивно, така што има многу работа во оваа насока“, додава Таравари.

Пакетот мерки на АА, е објавен на меѓународниот ден за борба против корупцијата, и неколку дена по објавата на американската амбасадорка, Ангела Агелер, за американски тим кој е во Скопје за да истражува корупцијата на поранешните и акулените функционери.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button