ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: „На 4 февруари го положивме испитот за сериозна европска држава“

Македонско-бугарските односи во последно време се влошуваат, оцени претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој кажа дека билатералните односи „биле смирени по прифаќањето на преговарачката рамка летото“, но, како што додаде, другата страна го искористила денот на раѓањето на Гоце Делчев за непотребно кревање на тензии.

„4 февруари од наша страна, како држава, сосема до крај стороцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да оддадат почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолираат сите оние кои доаѓаат со лоша намера, да провоцираат и да предизвикуваат немири“, рече Пендаровски.

Од друга страна, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев од Софија кажа дека односите можат да се подобрат само со дијалог и нормални политички разговори, а не со радикализација и конфронтација. Тој кажа дека остварил разговори со одредени бугарски државјани кои би можеле да провоцираат и најголемиот дел од нив го послушале да не патуваат за Скопје.

„Немам ниту еден доказ од колегата од Северна Македонија дека имало бугарски државјани на границата кои се однесувале радикално. Но, да, може да има таков проблем кога без причина држиш автомобили полни со луѓе на границата, а тие можат да видат дека во спротивната насока границата функционира. Нормално е да има некаква реакција и тие што така решиле да процесираат треба да преземат одговорност, а не да префрлаат вина на граѓаните“, рече Семерџиев.

Бугарскиот министер кажа дека од денеска започнува донацијата на трите генератора за струја, бидејќи, како што му кажал Спасовски, причина за одолговлекувањето на границата се технички проблеми. Тој најави повторна средба со Спасовски во Делчево неделава.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button