ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски со честитка за 23 Октомври: На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење

На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време, нагласи денеска претседателот Стево Пендаровски во честитката упатена до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Шефот на државата истакна дека тоа биле идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници.

-На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност, вели Пендаровски во честитката. 

Денес, 127 години подоцна, додава тој, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор.

-Да ја градиме Република Северна Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество, вели претседателот на државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button