ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Петков за „24 часа“: Треба да разјасниме кој е интересот на Бугарија – С Македонија да биде дел од ЕУ или да остане надвор

Треба да размислиме кој е долгорочниот интерес на Бугарија – Република Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, или да остане исклучена земја, како и тоа дали во интерес на Бугарија е да
имаме стабилен Западен Балкан или не, вели бугарскиот премиер Кирил Петков кој во интервју за „24 часа“, меѓудругото одговара на прашања за тоа дали минатонеделната средба во Софија на лидерите од земјите од ЈИЕ меѓу кои беше и премиерот Димитар Ковачевски е најава за повлекување на ветото.

„Според мене, тоа се важни прашања и треба да се решат да размислиме, особено кога има јасна тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија РСМ да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која не сака да го види цел Балкан е стабилен и во Европа“, вели Петков, на прашањето дали неговите најави дека наскоро очекува добри вести за Северна Македонија може да биде причина за растурање на коалицијата со БСП и Има таков народ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button