КОШАРКАСПОРТ

Петта победа по ред за Лејкерс, не се откажуваат од плејофот

Руи Хачимура одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава и е најзаслужен што Лејкерс славеа на гостувањето кај Мемфис со 136-124. Во тимот го немаше Ентони Дејвис кој го повреди колкот во маратонскиот дуел против Милвоки, но тука беше Хачимура за да го замени. Јапонецот потсети на своето издание од првата рунда на плејофот минатата година, исто така со Мемфис и го казни тоа што противничките играчи не поведоа повеќе сметка за него.

Го заврши натпреварот со дабл-дабл од 32 поена и 10 скока, но погоди седум тројки од осум шута. Му помогна и Леброн Џејмс со трипл дабл од 23 поени, 14 скока и 12 асистенции, но и останатите играчи беа на завидно ниво. Бејн со 26 и Ларавија со 25 поени беа најдобри во тимот на Мемфис.

Ова е петта победа по ред за Лејкерс кои не се откажуваат од директно место во плејофот бидејќи од шестопласираниот Далас заостануваат само две победи, на девет натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната./Sport1/

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Кливленд 118-111

Орландо – Голден Стејт 93-111

Вашингтон – Бруклин 119-122

Атланта – Портланд 120-106

Филаделфија – ЛА Клиперс 107-108

Торонто – Њујорк 101-145

Чикаго – Индијана 125-99

Мемфис – ЛА Лејкерс 124-136

Минесота – Детроит 106-91

Оклахома – Хјустон 126-132

Јута – Сан Антонио 111-118

Денвер – Феникс 97-104

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button