РАКОМЕТСПОРТ

Петти пораз во низа за ракометарите на Вардар

Ракометарите на Вардар го загубија 5-от последователен натпревар во Лигата на шампионите, откако во 8-та недела од групните натпреварувања, на домашен терен, беа поразени од унгарскиот тим „Пик Сегед“ со резултат 27:30. Целиот натпревар помина во корист на гостите, кои во ниту еден момент не се откажаа од почетното водство. Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, беше разочаран од резултатот и истакна дека главна цел на клубот е да помине во втората фаза.

„Во екипниот дел или во делот за фрлање, тие беа подобра екипа. Жал ми е што не го дадовме максимумот, иако можеби резултатот ќе беше ист. Велам дека можевме да го загубиме натпреварот, но начинот на кој го загубивме не беше вистинскиот. Во случај клупските челници или претседателот да помислат дека некој друг тренер може да ги промени работите, немам ништо против да си заминам. Тука сум да го спасам Вардар, да помогнам, бидејќи клубот дојде до последната линија за целосно да згасне“, рече Вујовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button