ВЕСТИЗДРАВСТВО

Владата се колеба за новите предлог-мерки против корона вирусот

Владата не ги одобри предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои државната администрација и здравствените работници би се обврзале на задолжителна вакцинација ако сакаат да доаѓаат на работа. Во спротивно, ќе треба редовно да приложуваат ПЦР тест и тоа двапати неделно. Владата соопшти дека побарала дополнителни анализи и студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за да се стимулира вакцинацијата.

„…Владата ги задолжи министерствата и инспекциските служби да ги ангажираат сите капацитети и да ги зајакнат контролите за спроведување на сите активни мерки против Ковид-19, особено контролата на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестот и прележувањето на болеста“, велат од Владата.

Микро-биологот Никола Пановски одлуката на Владата ја оценува како разумна. Според него, пред да се преземат построги мерки, надлежните треба да организираат поинтензивни кампањи за подигање на свеста за вакцинирање.

Предложените мерки на Комисијата за заразни болести доаѓаат по период кога неколку месеци процентот на вакцинирани стагнира. Досега целосно се вакцинирани 38% од граѓаните, но за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат од 80 до 90%.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button