ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пинг-понг со предметот за лидер на Алијанса за Албанците

Нема судски епилог за судбината на Алијансата за Албанците, односно кој ќе биде нејзиниот легитимен претседател. И покрај тоашто пред три дена судијката Бојана Тоиќ требаше да донесе пресуда, тоа не се случи. Од крилото на Таравари го обвинуваат Зијадин Села дека во последен момент побарал предметот да ѝ се одземе на судијката Тоиќ. Тој е сега во рацете на Теодора Бојковска. Но, според адвокатот на Таравари, Абидин Абдули, само еден ден откако Бојковска го преземала, било побарано да ѝ биде одземен, па Абдули се сомнева дека станува збор за манипулација.

„Во моментов се бара предметот да ѝ се одземе на судијката кај која паднал, а ова е втор пат другата страна, Зијадин Села да бара друг судија да го суди предметот. Првиот пат предметот беше кај судијката Бојана Тоиќ, претседателот на судот одлучи предметот да ѝ се одземе, а вчера предметот ѝ беше предаден на судијката Теодора. Но, утрово беше примено уште едно барање за одзеање на предметот и од оваа судијка. Не ги знаеме причините бидејќи немаме пристап до случајот на другата странка и причините зошто од нив било побарано да се одземе случајот. Не гледам причина зошто предметот да биде одземен од судиите, особено од судијката Теодора која вчера го презела предметот, а денеска да ѝ се одземе кога таа сè уште не презела ништо по предметот“, рече Абидин Абдули Адвокат на Арбен Таравари.

Абдули обвинува дека со случајот се манипулира со цел да се избере судија преку кој другата страна ќе ја постигне својата цел. Исто така, се сомнева и дека се фалсификуваат документи.

„Се разбира дека има притисок и тие имаат некој судија кој им е фаворит за да ја постигнат целта преку него. Останува да видиме како ќе постапи претседателот на судот, дали ќе постапи да се одземе предметот од судијката Теодора или ќе ѝ го остави. Засега, не можеме да кажеме кои ќе бидат нашите опции. Првата судијка која го имаше предметот донесе одлука за спојување на предметот и ми го предаде делот што го доставиле тие, исто и нашите документи на другата страна, но се гледаат големи нерегуларности во барањето на другата страна. Фалсификати, анти-статутарни дејствија на странката, но сепак немаше доцнења, но во моментот кога судијката требаше да одлучи тие побараа предметот да ѝ биде одземен“, додава Абдули.

По разделбата, Арбен Таравари и Зијадин Села преку суд бараат решение за раководството на партијата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button