ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемена свест кај граѓаните за Дауновиот синдром

На меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, во земјава е зголемена свеста кај граѓаните да бараат насоки за терапија која најдобро ќе влијае за напредокот на децата. Психологот Лејла Хабилај Лита, која се занимава со деца со оваа состојба вели дека граѓаните не треба да имаат предрасуди кон нив, бидејќи тоа не е болест.

„Она што неодамна е забележано во центарот „Савант“ е дека е зголемена свеста на родителите. Ако пред неколку години се забележуваше дека родителите потешко ја прифаќаат реалноста и фактот дека имаат дете со Даунов синдром, неодамна се забележува дека главно родителите кои се млади се посвесни и кај децата пробуваат терапии кои подобро ќе влијаат на напредокот на детето“, рече Леѓа Хабилај Лита – психолог.

Кај нас не е познат точниот број на лица со Даунов синдром, но она што се знае е дека на децата им е потребна физичка, психодинамичка и социјална терапија. Им треба и управување со нивната емоционална состојба, бидејќи станува збор за многу чувствителни лица. Поради таа чувствителност тие најчесто даваат многу љубов дури и кон оние луѓе кои ги гледаат како поинакви.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button