ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пиперките ајварки од 40, поскапеа до дури оволку денари…

На зелените пазари не стигна повикот за намалување и замрзнување на цените. Низ земјава на пазарите и понатаму се продава скапо иако земјоделските производи и овошјето се дел од мерката за „гарантирани цени“. Црвените пиперки за ајвар водат со 100% поскапување, од 40 денари во септември, до 80 денари за килограм овие денови. Граѓаните велат дека повеќе шетаат отколку што купуваат на пазарите. Повеќето се откажаа од подготовката на зимници.

„Овде нема ништо, само да избегаме што побрзо. Дали подготвивте зимница? Не, нема што да се прави. Со една плата каде можеме да направиме зимница.

„Како да излеземе на крај со 300 евра плата, не се доволни за ништо. Со 300 евра не можеш ни за леб, народот гледа само како да избега. Нема тука, катастрофа е! Јас сум невработен, како да издржам?, реагираат граѓаните.

Од друга страна, трговците се правдаат дека имаат високи трошоци. Кога ги прашавме за профитната маржа, не кажуваат дека добивката им е над 30%, туку се правдаа дека овошјето и зеленчукот доаѓаат од странство.

„Луѓето се движат да купат, но буџетот им е мал, иако цените почнаа да паѓаат, народот нема пари, состојбата е катастрофа. Стоката доаѓа од странство, ние самите не ја произведуваме. Таму треба да ги прилагодат цените, ние што ги носиме тука ги држиме поевтино, но сепак нема продажба. Еден килограм пиперка го намалив на 100 денари, но нема интерес“, вели еден трговец.

За илустрација, тегла со половина килограм готов ајвар во маркетите чини околу 400 денари. Оние пак, кои го подготвиле дома, сметата дека цената е двојно пониска, односно околу 200 денари за тегла со вклучени пиперки, масло и енергија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button