МАКЕДОНИЈА

Пировска: Мора да се смени моделот на однесување кога станува збор за насилството врз жените

Хелсиншкиот комитет смета дека надлежните органи не се покажале на висина на задачата кога групата Јавна соба беше за првпат лани откриена од секторите во МВР, вели во вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот Комитет. Како што вели таа, овој пат работите треба да се завршат до крај.

„Видовме што се случи лани. И тогаш дигнавме врева, добивме информации дека се затворила групата, може и некои лица беа викнати на разговор, меѓутоа гледаме дена ништо всушност не се случило. Овој пат не сакаме да оставиме така, односно да поминеме со неколкумина приведени, напротив, сакаме да ставиме до знаење дека мора да се смени моделот на однесување кога станува збор за насилството коешто жените секојдневно го трпат“, рече Пировска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button