МАКЕДОНИЈА

Жртва на Јавна соба: Ми значи како почна да се расчистува случајот, но треба да се оди до крај

Една од жртвите на групата Јавна соба, младата девојка Ана, којашто собра храброст прва јавно да проговори за своето искуство, во своето вклучување во вечерашното издание на емисијата „360 Степени“ на Алсат го оценува како позитивно досегашното постапување на МВР кон лицата осомничени за одговорни во групата Јавна соба, додавајќи дека целиот случај треба целосно да се расчисти.

„За мене има значење затоа што многу брзо се придвижија работите откако го објавив видеото и мислам дека прв чекор е затворање на таа Јавна соба и приведувањето на тие лица. Во таа група имало многу луѓе, не само учесници туку и други коишто имаат такви размислувања“, вели Ана додавајќи дека една од целите којашто очекува да се постигне е секој човек да размисли како треба да се однесува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button