МАКЕДОНИЈА

Ангеловски: Јавна соба е затворена, но се отвори нова. Работиме на детектирање и на тие сторители

Полицијата во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот Јавна соба, вели во вечерашното вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, помошник министерот во МВР за односи со јавноста, Тони Ангеловски. Како што кажа тој досега има 4 приведени во врска со случајот, но оти во меѓувреме е отворена и друга слична група.

Работиме на дедектирање и на приведување и на други лица, коишто се инволвирани во овој случај, со цел негово целосно расчистување. Јавна соба е затворена, но има отворено друга група. Работиме на детектирање на членовите и на таа група и соодветно да го санкционираме и ова однесување“, рече Ангеловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button