ВЕСТИ

Цветковиќ: Протестен марш за поддршка на жртвите од Јавна соба

Извршната директорка на коалицијата „Маргини“, дел од Платформата за родова еднаквост, Ирена Цветковиќ во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги потврди информациите пласирани во јавноста дека следната недела ќе се одржи протестен марш за поддршка на жртвите на групата Јавна соба. Како што кажа таа, маршот ќе се одржи во среда со почеток во 14:30 часот.

„Започнува пред МВР, а завршува пред Основното јавно обвинителство, токму со цел за разбудување на овие две клучни институции за справувањето со проблемот со Јавна соба, но и генерално со сексуалното насилство и вознемирување во нашата држава“, рече Цветковиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button